Во Авганистан, фризерите и козметичките салони, по налог на талибанските власти, ќе бидат затворени во наредните недели, а нивното затворање ќе доведе до губење на приближно 60.000 работни места.
Талибанските власти минатиот месец донесоа одлука да ги забранат салоните за коса и убавина за жени.
Во Авганистан вообичаено е мажите да им забрануваат на своите ќерки да се шминкаат или да одат на третмани за убавина, а повеќето жени носат бурка или хиџаб, јавува Би-Би-Си.
Во Кабул, на 19 јули, жените одржаа протест против одлуката на талибанските власти да ги затворат салоните за нега, а насобраните Авганистанки, од кои околу 50, извикуваа „Работа, леб и правда“.
Полицијата употребила водени топови за да ја растера толпата, а неколку жени изјавиле дека полицајците користеле и шок-пиштоли, пренесува Танјуг.
Талибанците, кои дојдоа на власт пред две години, претходно им забранија на жените во Авганистан средно и високо образование, повеќето работни места, како и користење на спортски сали и престој во паркови.