Целосното затворање на Куманово, Тетово и Скопје не е дискриминација на сите граѓани, туку за нивна заштита, смета министерот за здравство Венко Филипче
Loading...
– Во Липково луѓето оделе често во Куманово, во тетовските општини во Тетово, во Скопје исто така. Ова мерка не е дискриминација туку да се заштитат граѓаните, како во главниот град, така во останатите реигони, изјави Филипче на денешната прес конференција.
Инаку, Куманово изминатите денови бележи по еден или два случаи на дневно ниво, додека во Липково денеска имаше и 26 новодијагностицирани од коронавирусот. И покрај тоа, и двете општини дури 80 часа остануваат со забрана за движење овој викенд.
Никола Ивановски