Затекнати 25 лица без сертификати, затворени 4 угостителски објекти во Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во текот на викендот (29/30.01.2022) од страна на Одделот за криминалистички работи, Единицата за брзо распоредување, СВР Скопје, во координација со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи беше спроведена акциска контрола во дваесетина угостителски објекти на подрачјето на Куманово.

Loading...

За време на контролата четири угостителски објекти се времено затворени и запечатени од страна на ДПИ, бидејќи во нив биле затекнати 25 лица кои не поседувале Ковид-сертификат, а за 13 објекти е изречена глоба од страна на Управата за јавни приходи, поради неиздавање на фискални сметки, односно нерегуларности во прикажување на промет.