Заталканиот бел кит во Темза стана миленик на нацијата (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Белиот кит познат како бегалец или акртички кит е виден во реката Темза во Велика Британија каде што заталкал.

Експертите предупредуваат дека овој заталкан цицач најверојатно е во животнозагрозувачка состојба, па ги молат граѓаните да не му се доближуваат туку да го набљудуваат само од брегот.

 

 

Се стравува и дека се многу мали шансите овој кит да пронајде храна во реката.

– Белите китови се хранат со медузи и слични животни, а во Темза ги нема многу. Она со што е полна Темза за жал се пластични ќеси, а тоа би можело сериозно да му наштети на китот. Се надеваме дека самиот ќе го пронајде патот до неговото живеалиште. Не би било добро граѓаните да се одлучат да го спасуваат, изјавила Тања Фери, шеф на Одделението за заштита на животната средина.

Голем број граѓани се насобрани за да го видат заталканиот кит, а целата јавност преку медиумите и социјалните мрежи ја следи ситуацијата и навива живтното да успее да го пронајде патот кон арктичкиот круг и да преживее.

Leave a Reply