Loading...
Заталкан куршум вчера завршил во автомобил кој бил паркиран во двор во населбата Јане Сандански во Куманово.
– На 09.06.2025 во 10.50 часот во СВР Куманово, Р.П.(51) од Куманово пријавил дека неговото патничко возило „бмв“, кое било паркирано во неговиот двор во населба Јане Сандански било оштетено од заталкано зрно од огнено оружје, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Увид извршила екипа од СВР Куманово и, како што стои во соопштението, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски