Застрелан соработник на Трамп во Вашингтон

Сподели со своите пријатели

Мајк Гил, член на администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, е во критична состојба откако беше застрелан во Вашингтон.

Loading...

Гил е тешко повреден при обид да му го украде автомобилот.

Нападот се случил околу 17:45 часот во понеделникот по локално време, а напаѓачот потоа убил едно лице додека се обидувал да украде друго возило. Полицијата потоа го ликвидирала.

Според американските медиуми, Гил, кој е татко на три деца, бил застрелан додека чекал да ја земе сопругата. Тој бил во возилото кога се пукало.

Соработникот на Трамп успеал да излезе од автомобилот ранет, а потоа колабирал.

Гил служеше како главен оперативен директор на Комисијата за трговија за време на времето на Доналд Трамп во Белата куќа.

Портпаролот на семејството потврдил дека имало пукање и ранување и дека Гил се наоѓа во критична состојба, а еден од сведоците рекол дека сопругата на Гил се стрчала кај ранетиот Мајк и држејќи го за рака прашала што се случило, но тој не успеал да одговори.

Осомничениот за пукањето во Гил се обидел да краде автомобили во Вашингтон и Мериленд и уби најмалку едно лице.

Loading...

Осомничениот направил трет неуспешен обид да украде возило на Третата улица, пред да го украде автомобилот на лицето што го убил.

Полицајците во Њу Керолтон, Мериленд, предградие на Вашингтон, утринава пукаа и убиле еден осомничен. Тој се уште не е именуван, објави Fox5DC.

Џефри Керол, помошник началникот на полицијата во Вашингтон, рече дека човекот има криминално досие и се чини дека минува низ ментална криза во моментот на нападот.