Археолозите во Мексико на подрачјето на поранешниот центар на цивилизацијата на Атстеките пронашле структура која содржи над 675 черепи од мажи, жени и деца.
На подрачјето на Мексико Сити по една и пол година истражување пронајдена е кула изградена од човечки черепи. Археолозите сметаат дека станува збор за стуктурата Хуеј Тзомпантли, за која се верува дека ја изградите Астеците од черепи на загинати војници, а се споменуваат во записите на шпанските освојувачи.
Шпанскиот војник Андрес де Тапиа ја забележал структурата уште во 1521 година – изјавил за „Ројтерс“ Раул Барера.
Тогаш напишал дека кулата се состои од илјадници черепи, а истражувачите веруваат дека наскоро ќе ги пронајдат сите.
Шокирани сме, ова до сега е незабележливо откритие.
Научниците изјавиле дека овој пронајдок ги шокирал, затоа што досега се верувало дека черепите припаѓаат само на мажите, војници убиени во борбите.
Очекувавме само машки черепи, не сметавме дека и жаните и децата оделе во војна. Ова досега не е забележано, прв ваков Хуеј Тзомпантил – вели антропологот Родриго Боланос.
Ова веќе е второ големо откритие во Мексико за помалку од месец дена. Во јуни истражувачите пронашле астечко игалиште под хотел. На него откриле 32 коски од вратот, за кои веруваат дека припаѓале на жтрвувани спортисти.
Loading...