Застрашувачки експерименти на 20-от век – дали човештвото нешто научило од нив? (фото)

Сподели со своите пријатели

Во 1939 година психологот Вендел Џонсон ескеприментирал на 22 деца без родители. Децата без говорни мани кои примиле негативна критика развиле проблем со говорот и добиле и други негативни ефекти.

Loading...

Некои од најпознатите ескеприменти во 20 век биле неетички, а посебно во склад со денешните норми. Сепак, научиле многу за науката и човековото однесување низ овие тестирања.

Малиот Алберт

Психологот Џон Вотсон сакал да докаже дека луѓето можат да бидат класично улосвувани. Во 1920 година тој деветмесечното бебе Алберт го изложил на разни нови стимуланси, како што се зајаци, пацови, памучни топчиња.

Кога детето се играло со пацовот, Вотсон и неговиот помошник правеле гласен звук кога Алберт го допирал и тој почнувал да плаче. Подоцна, Алберт повторно го добил пацовот за играње, но бил исплашен. Неговиот страв репродуцирал и кон други влакнести животни како што се зајаците и кучињата.

Поради староста на Алберт, ескериментот денес би се сметал за крајно неетички. Албертовиот страв од овие животни не исчезнал никогаш.

eksperimenti-foto-allday-1445881410-771123

Чудовишна студија

Loading...

Во 1939 година психологот Вандел Џонсон експериментирал со 22 деца без родители. Тој им дал позитивен фидбек на половина од децата по нивниот говор, а втората половина од енго добила негативна критика, омаловажувајќи ги за мали говорни грешки.

Децата без говорни мани кои примиле негативна критика развиле проблем со говорот и добиле и други негативни ефекти. Џонсоновите колеги оваа истражување го нарекле „студија на чудовишта“, затоа што им изгледало дека е страшно да се експериментира со деца без родители кои не можат да зборуваат во нивно име.

Оваа студија никогаш не била објавена во ниту еден научен магазин. Но, и порај тоа студијата е препознаена каок прва таква и земено е во предвид како мислите и чувствата влијаат на говорот.

eksperimenti-foto-allday-1445881832-771125

Студија за малтретирање во Стејвил затворот

Во текот на Втората светска војна, американската војска и Стејт департментот се вдружиле за да го проучуваат ефектот на маларија. Не сакале да се заразат здравите војници, па наместо тоа ги користеле затворениците. Во тоа време, студијата била пофалена дека им помага на воените напори и така била и претставена во магазинот „Life“. Затворениците биле први тестирани на лек за маларија – Примаквин.

Во текот на судењето на лекарите по војната, кога германскит елекари биле оптужени за воени злосторства против човештвото, студијата за маларија била користена како одбрана на лекарите. На крајот биле воведени реформи да се забранат експериментит врз луѓето кои не можат слободно да ја дадат својата согласност, како што се затворениците.

eksperimenti-foto-allday-1445882213-771131

Loading...

Експеримент за хипотермија во концетрираните логори

Нацистите спровеле над стотици страшни медицински експерименти во кои мачеле и сакателе луѓе, а притоа и не дошле до важни научни податоци. Имало и еден експеримент на кој некои научници се повикувале од време на време – проучувајќи ги хипотермиите во концентрираниот логор Дахау.

Нацистичките лекари ги потопувале субјектите во ледена вода или ги оставале надвор на ниски температури, за да брзо се загрејат во врели купатила подоцна.

Над 100луѓе починале поради овие експерименти, а сите претрпеле голема болка. Иако научниците биле во искушение да ги искористат овие податоци од минатото, читањето на истите покажува дека експериментите не се само неетички, туку веќе не се научни. На крајот, ниту еден нацистички експеримент не служел во медицински или научни цели.

eksperimenti-foto-allday-1445882709-771133

Студија на послушност

Во 1961 година професор од Јејл, Стенли милграм тестирал колку далеку експерименталните субјекти можат да одат во нанесување болка на другите.

Субјектот мислел дека задава електрични шокови на колегата субјект, но всушност таа личност била актер, а шоковит ебиле лажни.

Loading...

На субјектот му било кажано да ги подеси електрошоковите за секое праѓање кое нивниот колега ќе го погреши и да продолжни дури и ако овој се буни. И додека субјектите не сакале искористат максимални 450 волти, 65% од нив на крајот тоа го направиле.

Овој експеримент се сметал за неетички поради количината на стрес која субјектите морале да ја поминат. И покрај тоа, се покажало колку сме подложни да следиме наредувања. Студијата е повторена многу пати ширум светот.

eksperimenti-foto-allday-1445883062-771139

Беспомошност

Професорот Мартин Селгман константо повторувал електрошокови над кучиња, но ја докажал теоријата за беспомошност. Во студијата од два дела, група кучиња добивала електрошокови. Потоа кучињата биле сместувани во кутии со ниски батерии, едната страна била електрифицирана, а другата не. Кучињата кои претходно добивале електрошокови не направиле ништо за да избегаат иако лесно можеле да ја прескокнат оградата.

Научено е дека беспомошта има огромна примена – за лечење на депресивни луѓе, па се до тоа да ги мотивираат децата кои мислат дека не можат да учат.

Loading...

psi-lutalice-ujedi-pas-lutalica-azil-foto-dado-djilas-1421534889-608779

Харлова студија на врзаност

Со децении, хари Харлов спроведувал експерименти на мајмуни кои денес би се сметале за неетички. Тој одгледувал бебиња мајмуни во изолација, на места кои ги нарекуваал „јами на очајот“.

И покрај тоа, неговото истражување помогнало да се докаже важноста на утешувањето на бебињата додека ги растеме. Во неговиот најпознат експеримент, бебињата мајмуни биле подигани со помош на сурогат мајки кои биле направени од жици замотани во ткаенина. Мајмуните со мајките од ткаенини им биле поголеми авантуристи и посреќни, додека мајмуните со мајки од жици биле слаби и исплашени.

Харлов докажал дека подигањето ан бебињата значи многу повеќе од давање храна и нема штета во тоа децата од време на време да се утешшат.

Loading...

eksperimenti-foto-allday-1445884716-771157

Сини/браон очи

По убиството на Мартин Лутер Кинг, учителот во трето одделение Џејн Елиот ги поделиле своите ученици во две групи. Оние со сини очи биле добро третирани и добивале посебно внимание и пофалби, додека оние со кафеави очи морале да носат посебни ѓердани, да седат позади и стално им говореле дека не се паметни како децата со сините очи.

Елиот ги окренал работите и започнал вниманието да го насочува кон децата со браон очи. Потоа, класата од овие бели ученции разбирале многу подобро што значи да се биде црнец.

И покрај неодговарачката природа на Елиотовата студија на која учениците не дале согласност и биле исмејувани, биле добиени позитивни критики за истата, а Елиот развил работилници каде се вежбала различноста.

Loading...

eksperimenti-foto-allday-1445885009-771159

Експеримент на стедфордскиот затвор

Во една од најозогласените студии во историјата, професорот по психологија од Стенфорд Филип Зимбардо имал волонтери кои се преправале дека се затворенички чувари. Експериментот бил осмислен да трае две недели, но бил прекинат по само шест дена, кога стражарите станале непријателски расположени, а затворениците се побуниле, почнале да дивеат, да стануваат пасивни и повлечени.

eksperimenti-foto-allday-1445885276-771163

Експериментот покажал како затворот може брзо да ги дехуманизира луѓето и како оние кои биле доброкарактерни лесно можат да бидат претворени во зли луѓе во краток временски период.