Застрашувачка снимка: Огромен бран ја поплави американската база (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Огромните бранови предизвикаа значителни поплави во оддалечената американска воена база во Јужен Пацифик, а целиот настан беше снимен на видео.

Loading...

Гарнизонот на американската армија објави дека во саботата вечерта се случиле сериозни поплави во Рои-Намур на Маршалските Острови.

Низа моќни бранови удриле во трпезаријата, соборувајќи ја вратата и расфрлајќи го мебелот.

Видеото снимено од Ерик Хансон го прикажува моментот кога голем бран ја крши вратата, пренесува Fox11.

„Видов како моите пријатели исчезнуваат пред моите очи. Доаѓаа уште бранови. Сите реагираа на сценариото за вонредна состојба и за среќа никој не беше сериозно повреден“, рече Хансон.

Официјални лица велат дека нема жртви, а само едно лице е повредено.

Националната метеоролошка служба на Гуам издаде предупредување за високи бранови за Маршалските Острови од сабота попладне до недела.

Предупредувањето, исто така, предвиде помали поплави долж бреговите свртени кон северот. 80 од околу 120 луѓе кои живеат во базата беа евакуирани.

Loading...

Армијата ги пресели сите жители од областа додека не се санираат штетите.