Во петокот беше снимен шокантен напад на ајкула од Црвеното Море врз човек на параглајдер.
37-годишен маж од Јордан лебдел над водата кога ајкула скокнала и му ја гризнала ногата.
Во нападот човекот изгубил дел од стапалото, му биле скршени неколку коски, а претрпел и тешки повреди на тетивите и мускулите.
Тој бил пренесен во воената болница принц Хашем каде бил опериран. Според Дејли Меил, неговата состојба е опишана како стабилна.
Мохамад Катавне од меѓународниот нуркачки центар Акаба за локалните медиуми изјави дека нападите на ајкулите во заливот Акаба, иако се шокантни, се ретки.
„Нуркам 20 години и првпат слушам за напад на ајкула“, рече тој.
Ајкулите нападнале уште неколку лица во Црвеното Море во текот на изминатата година. Овие инциденти беа на југ, во близина на египетскиот брег.
https://youtu.be/dQF1ahThc2g