Ако навистина би се впуштиле во патување во средиштето на Земјата, тоа би траело значително подолго отколку што мислите. Погледнете до кои длабочини човештвото доспеало до сега. На длабочина од два метри се спуштаат ковчези на починатите, додека длабочината на олимписките базени е три метри.
Париските катакомби се наоѓаат 20 метри под површината на Земјата, дрвениот град Деинкују во Руција е сместен на длабочина од 85 метри, додека нуклеарниот бункер Гринбрајер во Западна Вирџинија се наоѓа на длабочина од 220 метри.
Бунарот во Вудингдин во Велика Британија има најлабока дупка во земјата кој човекот ја испоал со сопствени раце, без употреба на машини. Неговото дно се наоѓа на 390 метри длабочина.
Во 2010 година, 33 чилеански радници беа заробтени два месеци на длабочина од 700 метри.
Доколку нивниот врв би ја допирал површината на Земјабата, базата облакодери Бурџ Калифа би се наоѓала на длабочина од 830 метри.
Најдлабоката пештерска точка до која човекот некогаш успеал да стигне е пештерата Крубера во Грузија на длабочина од 2.197 метри.
Најдлабокиот подземен железнички тунел – Готардски базен тунел, кој се наоѓа во Швајцарија е со длабочина од 2.300 метри.
Најдлабокиот рудник за злато во светот е сместен 3.962 метри под поврината и се нарекува Мпоненг, а се наоѓа во Африка.
Иако е широка само 23 сантиметри, Кољска ултрадлабока бушевина се спушта до точка од неверојатно 12.262 метри. Токму на таа длабочина во 1989 година е завршено дупчењето, иако првобитно било планирано да се стигне до 15.000 метри длабочина. Тмепературата во тој дел од Земајта изнесува 180 степени целзиусови, што ги растопило дупчалките кои не можеле да продолжат понатаму. Сепак дупчењето чија најниска точка се наоѓа на фасцинантни 12.376 метри длабочина. Оваа далечина е околу 15 пати поголема од висината на Бурџ Калифа.
Сепак, би било потребно да се копа уште 18.290 метри само за да се стигне до крајот на Земјината кора и уште 6.4 милиони метри за да се пристигне до јадрото на Земјата.
This incredible animation shows how deep humans have dug pic.twitter.com/2bgXr5XglO
— Business Insider (@BusinessInsider) October 5, 2017
Loading...