Снабдувањето со гас не е прекинато.Имаме континуирана испорака на гас од Гаспром преку гасоводот со Бугарија и покрај тоа што Русија прекина испорака на гас на Бугарија.Сите обврски од наша страна се подмирени, но ситуацијата е комплексна и не се знае каква одлука може да биде донесена во наредните денови кажа министерот за економија Крешник Бектеши на денешната пред-конференција на која информираше за безбедноста за снабдување со гас на Северна Македонија откако Русија ја прекина испораката за Бугарија.
Министерот Бектеши кажа дека Северна Македонија има соодветни алтернативи доколку дојде до прекин на испораката на гас од Гаспром, индустриските капацитети може да користат мазут.
Според Бектеши во Северна Македонија активни се три системи за дистрибуција на природен гас: Дирекција за технолошко-индустриски развојни зони Скопје (ДТИРЗ Скопје) со вкупно 12 потрошувачи, ЈП Струмица гас со вкупно 315 потрошувачи и ЈП Куманово гас со вкупно 100 потрошувачи.
„Најголемата потрошувачка на природен гас е во зимските месеци, имајќи предвид дека природниот гас најмногу се користи за производство на топлинска енергија. Најголемо влијание на профилот на потрошувачка на природен гас има когенеративната постројка во сопственост на ТЕ-ТО АД Скопје. Во текот на зимскиот период потрошувачката на природен гас достигнува до 45 милиони метри кубни, месечно како резултат на вклучувањето и на топланите, a во периодот од јули до септември истата достигнува до 6 милиони метри кубни месечно, што се должи на работењето на ТЕ-ТО АД Скопје во овие месеци. Над 60 индистриски, комерцијални и јавни потрошувачи и постројки за производство на електична енергија и топлина се директно поврзани на преносната мрежа за природен гас„ изјави министерот Бектеши.
Меѓу другото, министерот Бектеши потенцираше и дека во текот на 2021 година со системот за пренос на природен гас со кој управува АД ГАМА Скопје се пренесени 425 милиони метри кубни гас.
Серија експлозии утринава во три руски провинции кои граничат со Украина
„Во текот на 2021 година, со системот за пренос на природен гас управуван од АД ГАМА Скопје, беа пренесени 426 милиони метри кубни , со што продолжи трендот на зголемување на количеството на природен гас во системот за пренос, пред сè заради работата на когенеративните постројки и топланите на природен гас(80%). Ова е досега најголемо количество на природен гас во системот за пренос од почетокот на неговата работа и претставува зголемување за 26 % во однос на пренесените количества на природен гас во 2020 година, односно изнесува над 53 % од вкупниот капацитет на системот за пренос на природен гас. Имајќи ги во предвид презентираните податоци, индустриските потрошувачи приклучени на мрежата на ДТИРЗ Скопје имаат можност да користат алтернативно гориво (мазут) и во случај на потреба за интервенција истите можат во рок од 3 дена да отпочнат да работа на мазут„ изјави министерот Бектеши.
Петков: Размислуваме за транзитот на руски гас преку Бугарија
Исто така, министерот Бектеши информираше дека е во тек е проект за гасна интерконекција со Грција кој може да стане оперативен на крајот на 2024 година со кој се очекува да се создадат услови за диверзификација во снабдувањето со природен гас .
„Генерално уделот на увозот на нафтени деривати со потекло од Русија е приближно 8%, а со тоа и уделот во снабдувањето со нафтени деривати на пазарот на нафтени деривати кој е целосно либерализиран” кажа Бектеши.
Интегрално соопштение