Засадени 760 дрвја во Градскиот парк во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Околу 760 стебла се засадени во Градскиот парк во Куманово во рамките на голема акција за разеленување на градот.

Loading...

 

 

Во садењето учествуваше и градоначалникот Максим Димитриевски, претседателката на Советот на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска, претставници од општинската администрација и работна екипа од ЈП „Чистота и зеленило”.

– Вкупно насадивме 760 стебла, а до 20 декември ќе имаме уште три садења, на три важни локации и тоа Парк Соколана, градски парк и кејот на реката Кумановка, информира градоначалникот Димитриевски.

 

Loading...

 

Оваа акција, како што додава тој, е дел од напорите за заштита на животната средина и создавање на почист воздух за сите граѓани на Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Со голем концерт ќе се одбележат 505 години Куманово (ВИДЕО)

 

 

– Секое дрво значи повеќе свежина и здрава иднина за нашата заедница, вели градоначалникот.

 

Loading...

Никола Ивановски