Започнуваат „Тумба фест“, „Рома Труба фест“ и „Тамбурашки фестивал“ во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

На градскиот плоштад во Куманово вчера со почеток во 20 часот започнува деветото по ред издание на познатиот кумановски музички фестивал „Тумба фест“ 2021.

Loading...

На вечерашното издание учество ќе земат 21 реномиран музички уметник од државата, како и околу 30 автори кои се заслужни за создавањето на овие песни.

– Годинава фестивалот требаше да биде од интернационален карактер, но поради целата ситуација со пандемијата настапите на интернационалните гости беа навремено откажани, но ќе се потрудиме да не се почувствува тој недостаток во квалитет и оваа година- изјави Игор Трајковски организатор на Тумба фест.

Меѓу пејачите кои вечерва ќе настапат на фестивалот се кумановскиот великан Нино Величковски, Челик бенд како фестивалски оркестар, Мирослав Крстевски, Лидија Спасовска со Oгнени момчиња, а од останатите учесници меѓу позвучните имиња ќе бидат Анета Мицевска и групата Молика, Благица Павловска, Скопски боеми, Ирена Спасовска, Влатко Алексовски и многу други.

– Вечерва покрај кумановски дијалект ќе се пее и на битолски, валандовски, прилепски со тоа ја продолжуваме мисијата која организаторот на оваа манифестација ја започна и ја негува, а тоа е промоција и сочувување на македонскиот јазик со сите негови убавини и дијалекти, и воедно сакам да упатам голема благодарност до градоначаникот и советот на општина Куманово кои и овој пат застанаа зад Тумба фест, но и до фондацијата за култура која оваа година ни беше голема логистичка поддршка при реализацијата на овој фестивал, посочи Виктор Божурски од Фондацијата за култура и спорт.

 

 

Loading...

На 25ти и 26ти август ќе се одржи 16-тото издание на дувачки оркестри, Рома Турбо фест.

– Годинава се потрудивме на кумановската публика да и обезбедиме квалитетни дувачки оркестри кои се реномирани секој во својот град и држава. Оваа година имаме учесници од Србија и Македонија, заради целата ситуација со која се соочуваме. Направивме напори да се одржува два дена со квалитетниот програм кој кумановската публика го заслужува- рече Самет Салиевски, претседател на КУД Рушит Шакир, организатор на Рома Труба Фест.

Меѓу позвучните имиња кои ќе настапат во овие два вечери се Бојан Ристиќ, повеќекратен победник на Гуча, Исидор Зечировиќ, познат оркестар од Србија, како и македонски оркестри, Кочани оркестар, Млади Агушеви.

На 26ти, како што рече Салиевски, ќе настапи најдобриот дувачки оркестар во светот Бобан и Марко Марковиќ, кои со својата 60 минутна програма ќе бидат специјални гости на фестивалот, Саша Крстиќ, Демир Контурски, специјален гост на самата вечер ќе биде и младата македонска ѕвезда Мартија Станојковиќ.

– Највено беше и присуството на моментално една од најбараните балкански ѕвезди Теа Таировиќ, но поради непримена вакцина нема да биде во можност да настапи на годинешниот фестивал.

Вечерите на 27 и 28 август се резервирани за Меѓународниот тамбурашки фестивал кој годинава го бележи своето 17 издание.

– Голема благодарност до сите спонзори и општината Куманово како и градоначаникот Максим Димитриевски кои овозможија овие музички настани да се одржат во нашиот град и да обезбедат една обемна и квалитетна програма за кумановскиот народ кој ќе може да ужива во музиката. Што се однесува до гостите на Тамбурашкиот фестивал ќе настапат Октет Куманово, Тамбурашкиот оркестар Ташко и пријателите од Скопје, специјален гост тамбурашки оркестар од Нови сад, а првата вечер со своја програма ќе ја затворат Дац и Александар Митевски. Во сабота фестивалот ќе го отвори оркестарот Табиет од Свети Николе, триото Шербет од Тетово и градскиот тамбурашки оркестар од Бања Лука, Босна и Херцеговина, а како завршен настап ќе биде Каролина Гочева со својот оркестар- објасни Нино Величковски, директор на Фондација за култура и спорт.

 

Loading...

 

Во поглед на мерките што ќе бидат преземени за заштита од ковид 19, гостите треба да дојдат на време со своите сертификати за вакцинација, иако настаните ќе се на отворено ќе мора да се запазат сите мерки и протоколи кои валдата ги донесе.

М.Ф