Започнува реконструкцијата на „Моша Пијаде“, се воведува посебен сообраќаен режим

Сподели со своите пријатели

Од денеска започнува реконструкцијата на улицата „Моша Пијаде“, поради што се воведува посебен сообраќаен режим.

Loading...

Како што информираат од Општина Куманово започната е реконструкција на водоводната мрежа од улиците „Браќа Рибар“ до „Пиринска Македонија“.

– За таа цел е воведен посебен сообраќаен режим во центарот на градот, кој ќе важи се додека не се завршат активностите на терен, велат од општината.

Овој проект е на Mинистерството за транспорт и врски и Светска банка во соработка со општина Куманово.

Станува збор за голем проект, кој освен замена на водоводната, предвидува и реконструкција на фекалната и атмосферската канализација. Ќе се замени целосната подземна и надземна инфраструктура, електрична и оптичка инсталација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  УХМР најавува обилни врнежи од дожд, засилен ветер и заладување

Според претходните најави би требало да се обезбедат и 108 паркинг места за жителите на улицата.

По реконструкцијата ќе се постават столпчиња за да се спречи паркирање на тротоарите, а ќе се постават и полуподземни контејнери.

Станува збор за проект кој Општина Куманово го реализира со Светска банка и Министерството за транспорт и врски.

Loading...

Улицата „Моша Пијаде“ е една од најстарите во градот и ова е прва целосна реконструкција од ваков обем.

Никола Ивановски