Во кумановскиот театар денеска стартува првата читачка проба за третатта по ред премиера предвидена за оваа година, а станува збор за делото „Ревизор“ според текст на Гогољ.
Под режисерксата палкна на Андреј Цветановски, освен актерите од кумановскиот театар: Горан Илиќ, Кети Дончевска Илиќ, Александра Михајловска, Мартин Лазаревски, Мирослав Петковиќ, Владо Дојчиновски и Марко Трајковиќ, во проектот се ангажирани и четворица актери – студенти; тројца од Куманово: Мартин Манев, Милош Стојковиќ и Никола Наковски и, еден актер – студент од Струмица Горан Ников.
Останатата екипа ја сочинуваат: Сергеј Светозарев како сценограф, Александар Рашковиќ како костимограф и Димитар Андоновски како композитор.
Оваа година во Театарот веќе беше реализирана премиерата за претставата на албански јазик „Револвер“ во режија на Нехат Мемети, а на македонски јазик од пред недела дена се подготвува претставата за деца „Волшебникот од Оз“ во режија на Бојана Краљевска. До крајот на годината очекуваме да реализираме уште минимум четири проекти, односно две претстави на албански и една на македонски јазик за возрасни поддржани од Министерството за култура, и уште една претстава на македонски за најмладите. Оваа година нема да допуштиме да останеме без новогодишна претстава! – Симона Тоскиќ, продуцент и драматург во НУЦК „Трајко Прокопиев“,Театар – Куманово.
Премиерата на „Ревизор“ се очекува на крајот на месецот април.