Започнува Меѓународниот фолклорен фестивал „Куманово 2025“

Сподели со своите пријатели

Со гости од Македонија, Србија, Романија, Полска и Мексико, денеска и во среда во Куманово ќе се одржува Меѓународниот фоклорен фестивал.

Loading...

Станува збор за настан во организација на КУД „Панче Пешев”, под покровителство на Општина Куманово и Министерството за култура и туризам.

Шестото издание на фестивалот започнува вечерва од 19:00 часот со дефиле на учесниците по улиците на Куманово. Еден час подоцна ќе биде отворањето на фестивалот пред платото на НУЦК „Трајко Прокопиев“.

Вечерва настапи ќе имаат првин домаќините КУД „Панче Пешев“, потоа ќе следат ФА „Мали Гозовиаци“ од Полска, ФГ „Хочипултзахуац“ од Мексико, ФА „Соимсуиана“ од Романија, а вечерта ќе ја затворат учениците на АДЗНМ „Гусле“ од Србија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Денеска дожд, па топли и сончеви денови

Утревечер од 19 часот програмата исто така започнува со дефиле низ кумановските улици, по што ќе настапат гостите од Полска, па АКУД „Мирче Ацев“ од Скопје, гостите од Мексико, Србија и Романија, а честа да ја затвори фестивалот ќе има организаторот.

Никола Ивановски