Вчера и официјално беа направени распоредите за кошаркарската Супер лига на Македонија која започнува викендов, а каде освен Куманово, Кожув, Фени Индустри и Работнички, ќе се приклучат и Карпош Соколи и МЗТ Скопје Аеродром.
Како првопласиран тим од претходниот дел од натпреварувањата Фени Индустри ќе игра со МЗТ Скопје, Карпош Соколи со второпласираниот Работнички, и трето ичетвртопозиционираните КК Куманово – КК Кожув.
На 11 март започнува битката на македонските клубови кои ќе имаат вкупно 10 натпревари по што ќе бидат познати четирите најдобри кои ќе се борат за титулата шампион на Македонија и ќе се обидат да го спуштат од престолот МЗТ Скопје.
Кожув во сабота гостува кај сино-белите на Марјан Србиновски, а дали по двата порази од првиот дел од сезоната, конечно ќумановци ќе реализираат победа врз составот на тренерот Игор Михајловски останува да дојдеме во спортската сала и да погледнеме.
Во меѓувреме во првото коло од плеј-аут за опстанок ќе се борат Струмица – Вардар и Пелистер – Охрид, натпревари исто така закажани за 11 март.