Започнати активностите на вселенскиот брод на Маск со кој ракетите би летале на Марс

Сподели со своите пријатели

Минатата година Илон Маск најави изградба на пловечки вселенски пристаништа од кои нивните летала треба да патуваат на Месечината, но и многу подалеку – на Марс.

Loading...

Оттогаш, не сме слушнале премногу информации за самите вселенски пристаништа, но затоа SpaceX спроведе неколку тестови за надморска височина на своето вселенско летало Старшип од следната генерација, со кое Маск има намера да го освои Марс.

Последниот тест беше успешен и, по полетувањето на надморска височина од околу 10 км, Старшип за прв пат успешно слета, без експлозија.

Веќе следната година, Старшип може да полета на патување во вселената од ново место – вселенски аеродроми лоцирани на море – наместо од Бока Чика, Тексас.

Ова вчера го потврди Илон Маск во коментар на Твитер (и на други места).

Основачот на Спејс Икс одговори на сликата за лансирање на Старшип од оф-шор платформа објавена од корисникот на Твитер Кендал Диркс и напиша дека океанското вселенско пристаниште Деимос е во фаза на изградба и дека ќе биде подготвено за лансирање следната година.

 

Loading...

Сликата објавена на Твитер ја покажува морската платформа на која се наоѓа лансирната рампа и ракетата Старшип подготвена да полета во вселената.

Како всушност ќе изгледа космодромот Деимос, сè уште не е познато, но нема сомнение дека неговите први нацрти или фотографии би можеле да ги видиме на Твитер профилот на Маск.

Сликата на полетувањето на Старшип од океанска платформа, која сега е само измислица на имагинацијата на Кендал Диркс, треба да стане реалност следната година, а дотогаш можеме да очекуваме нови тест летови на Старшип што треба да покажат подготвеност на ракетите на Маск за патување во вселената.

Доколку тестовите се покажат успешни (после неколку експлозии, последниот тест конечно заврши со мирно приземјување), се чини дека Starship ќе биде подготвен за големи работи во иднина, вклучително и патување до Црвената планета.

Leave a Reply