Започна вакцинацијата против сезонски грип во Куманово

Сподели со своите пријатели

Центарот за јавно здравје Куманово од вчера започна да ја спроведува вакцинацијата против сезонски грип.

Набавени се 1.000 вакцини, а вакцинацијата како што информираше др. Јадранка Стаменковска, е незадолжителна. Дополнителни 1.800 вакцини се добиени бесплатно од Министерството за здравство.

– Навистина голем интерес. Веќе од вчерашниот ден до денеска има 334 вакцини дадено што се комерцијални, односно по цена од 650 денари, додека во однос на Мој термин, односно вакцини кои што се даваат бесплатно, веќе имаме досега дадено 120 вакцини. Има голем интерес, мал технички проблем во однос на креирањето на специјалистичкиот упат и чекот за пензија, односно потврда за лични примања, меѓутоа тоа веќе е усогласено, така да матичните лекари ги креираат упатите и ги испраќаат оние кои можат да ја примаат бесплатната вакцина, изјави др. Стаменковска.

Вакцинацијата засега се одвива непречено, а од набавените 1.000 вакцини, 50 се наменети за Општина Кратово, 100 за Крива Паланка, додека останатиот дел се за граѓаните на Општина Куманово.

Leave a Reply