Започна утринско и ноќно перење на улиците во Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ започна да спроведува активно утринско и ноќно перење на улиците во градот.

Loading...

Според објавата на градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, освен сообраќајниците, се пере и градскиот плоштад.

 

 

Од вчера оваа јавно претпријатие изврши и промена во смените за изнесување на смет согласно препораките на Владата за заштита на граѓантие од топлотниот бран.

Според директорот Даниел Стојчевски, сметот ќе се изнесува во три смени, првата ќе почнува од шест часот наутро, а втората од 17 часот, наместо како досега од 13:00. Во третата смена нема да има промени и таа останува од 22 часот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановка повредена додека работела во продажен објект

Стојчевски апелираше граѓаните да се воздржат од изнесување смет во најтоплиот период од денот кога нема да се изнесува сметот.

Loading...

Воедно, потенцира дека промените во работењето нема да ја нарушат хигиената во градот.

Никола Ивановски