ЗАПОЧНА УМИЛКУВАЊЕТО: Мета донираше милион долари за Фондот за инаугурација на Трамп

Сподели со своите пријатели

Компанијата Мета донираше еден милион долари во фондот за инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, потврди за Ројтерс портпаролот на компанијата.

Loading...

Таа донација не е практика на извршниот директор на Мета, Марк Цукерберг, проценува The Wall Street Journal.

Цукерберг одби да поддржи некој од претседателските кандидати претходно оваа година.

Сепак, тој ја пофали реакцијата на Трамп за обидот за атентат на 13 јули, нарекувајќи го „еден од најхрабрите моменти што некогаш ги видел“.

Закерберг и Трамп се сретнаа во ноември по изборите, а Њујорк Тајмс објави дека тоа е уште еден обид на Цукерберг да ги подобри односите со Трамп.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп ќе ја назначи новинарка Кари Лејк за директор на Гласот на Америка

По нападот на Капитол во јануари 2021 година, Мета ги суспендираше профилите на Трамп на Фејсбук и Инстаграм на околу две години.