Започна Страстната седмица – последната недела од Христовиот живот

Сподели со своите пријатели

Страстна (Страдална, Велика) седмица — последната недела од Христовиот живот. За секој нејзин ден во богослужбените книги се зборува како за голем (велик) и свет, и во секој од нив, во сите цркви се извршуваат посебни богослужби.

Во Страстниот Понеделник Црквата ни ја дава за размислување темата за бесплодната смоква, осудена од Христа.

Вторник е посветен на темата за мудрите девојки, кои за разлика од своите неразумни сестри, биле спремни за Господовото доаѓање.

Во Среда вниманието е свртено кон покаената блудница. Службата ја нагласува разликата помеѓу спасената грешна жена и погинатиот Јуда, избран како апостол: првата го дава своето богатство за Христа и ги бакнува Неговите нозе, а другот, пак, за пари Го продава со целив.

 

Loading...

 

Велики Четврток е означен како ден на востановување на новозаветната пасхална жртва.

На Велики Петок Господ Исус Христос е осуден, распнат и погребен.

Слегувањето во адот е на Велика Сабота.

Христовото Светло Воскресение се случува на Велигденската Недела.

Црквата пропишува во првите три дена на Страстната седмица на часовите да се читаат сите четири Еванеглија, до местото каде што започнуваат Христовите страданија. А Старозаветните читања се земаат од Втората книга Мојсеева, од Јов и од пророците. Може да се каже дека како општа тема на првите три дена од Страстната седмица се јавуваат крајот на светот и Христовиот Суд.

Утрените обично се служат доцна навечер, и на нив се пее посебен тропар:

Leave a Reply