Започна со работа отворениот градски базен во Куманово (ВИДЕО)

Loading...
Сподели со своите пријатели

Отворениот градски базен во Куманово од средината на минатата недела е ставен во функција и досега го посетиле над 1.000 лица.

 

 

Со базените стопанисува Јавното претпријатие „Куманово паркинг“, а како што рече денеска директорот Андрија Маџовски, интересот е задоволителен.

– Интересно во среда имаше околу 60-70 дечиња, но за жал малку беше ладно времето, водата беше ладна, досега имавме околу 1.000 дечиња што за почеток е добро, се надевам дека од наредната недела, еве и денеска времето е малку потопло, дека ќе имаме и поголем број посетители, изјави Маџовски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Гори шума на непристапен терен во Лојане и Ваксинце

 

Loading...

 

Најголем број посети, како што вели, се белеат за викендот.

Цената на билетот е непроменета од минатата година и изнесува 150 денари. Сепак, шанкот за храна и пијалаци и годинава нема да работи.

 

 

– Цената останува иста, 150 денари е билет, условите се исти, правилникот е тој, ги замолувам да ги почитуваат правилата на базенот, а во врска со пијалаците нема интерес за пријавување за пуштање на шанкот во употреба, појасни Маџовски.

 

Loading...

 

На базенот се ангажирани и спасители кои ќе се грижат за безбедноста на капачите.

Никола Ивановски