Започна реконструкцијата на улицата од мостот во Проевце до хотел „Куба“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Започна реконструкцијата на дел од улицата „600“ во селото Проевце, на потегот од мостот на реката Кумановка до паркингот на поранешниот хотел „Куба“, информира градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

 

 

Во моменталната работна фаза се изведуваат градежни активности кои опфаќаат машински ископ, изведба на дренажа и поставување бетонски рабници.

 

 

По завршување на овие зафати, согласно динамиката на работите, предвидено е и асфалтирање на трасата, со што значително ќе се подобри сообраќајната инфраструктура во овој дел од селото.

 

 

Реконструкцијата се реализира со финансиска поддршка од Владата, преку средства обезбедени од вториот јавен повик за поддршка на инфраструктурни проекти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец натепан од три лица од Арачиново

 

 

Од Општина Куманово посочуваат дека инвестицијата е дел од континуираните активности за унапредување на патната мрежа и подобрување на условите за живот на граѓаните во руралните средини.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски