Започна реконструкцијата на улицата „425“ и изградба на „Благоја Думановски“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово започна со реализација на два нови инфраструктурни проекти – реконструкција на улицата „425“ (стар Тромеѓански пат) и изградба на улицата „Благоја Думановски“ во населбата Перо Чичо.

 

 

Како што информираше градоначалникот Максим Димитриевски, улицата „425“ ќе биде целосно реконструирана во должина од 1.540 метри.

 

 

Во моментов се изведуваат градежни активности за машински ископ на стариот слој на асфалт, по што ќе следи поставување дренажен канал, бетонски рабници, тротоари и нов асфалтен слој по целата траса.

 

 

Работите се реализираат со финансиски средства обезбедени од Владата преку вториот јавен повик за поддршка на инфраструктурни проекти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бесплатна WI-FI мрежа на градскиот плоштад во Куманово

 

 

Поради изведување градежни активности за реконструкција на улицата „425“, Општина Куманово информира дека ќе има привремена измена во сообраќањето на општинскиот линиски превоз на патници на линијата број 8 Бедиње – село Тромеѓа.

 

 

Како што соопштуваат од општината, автобусите на оваа линија привремено ќе сообраќаат до и од автобуското стојалиште кај бензинската станица „Роси Петрол“, кое се наоѓа на регионалниот пат Р-1204, на приклучокот со автопатот А2.

 

 

Од Општина Куманово посочуваат дека ваквата измена ќе важи сѐ додека не се создадат услови за нормално и безбедно одвивање на сообраќајот на улицата „425“, која претставува патниот правец кон селото Тромеѓа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Репрезентативци на Македонија во бокс на подготовки во Куманово (ФОТО)

 

 

Паралелно, започната е и изградбата на улицата „Благоја Думановски“ во населбата Перо Чичо.

 

 

На терен веќе се одвива машински ископ по целата должина на улицата, а и овој проект е финансиран со средства од Владата.

 

 

Од локалната самоуправа информираат дека со реализацијата на овие инфраструктурни зафати се продолжува со подобрување на патната инфраструктура и условите за живот на граѓаните во повеќе населби во градот.

 

Никола Ивановски