Започна проектот за чистење на Тихиот океан од пластичен отпад

Сподели со своите пријатели

Тим научници и инжинери започнаа амбициозен проект за чистење на Тихиот океан од пластичниот отпад, фокусирајќи се на подрачје кое е три пати поголемо од површината на Франција.

Бродот кој зад себе влече пластични цевки исполнети со воздух во должина од 600 метри, а чија цел е да го „чисти“ океанот од пластичниот отпад, исплови од Сан Франциско во пробно возење, пред да ја продлжи пловидбата кон големиот отпад во Тихиот океан.

БЕЗБЕДНОСТА НА ПЛАНЕТАТА Е ВО НИВНИ РАЦЕ: Клучевите од интернетот ги имаат 14 луѓе

Цевките преставуваат најголема досега направена бариера на морето наречена „System 001“, пренесува агенцијата АП.

Целта на креаторот на системот, холандксата невладина организација „Ocean Cleanup“, е во претстојните пет години да се испразни половина или околу 40.000 тони голем пацифички отпад.

Океанографот и автор на проектот Лорен Лебертон потврдил дека во пацифичкиот отпад има околу 80.000 тони смет.

Leave a Reply