Започна проектот „Влијанието на средновековниот Солун во ширењето на културата во регионот на Куманово“

Сподели со своите пријатели

Кумановскиот музеј започна со реализација на меѓународниот проект „Влијанието на средновековниот Солун во ширењето на културата во регионот на Куманово“.

Loading...

Проектот, како што информираат од националната установа, се состои во документирање и анализирање на средновековните солунски споменици и можните врски и паралели со спомениците од движното и недвижното наследство од регионот на Куманово.

– За таа цел, раководителот на проектот, Дејан Ѓорѓиевски, имаше петдневен студиски престој во Солун, каде што изврши истражување на оваа проблематика. За време на престојот, НУ Музеј Куманово изврши теренско документирање на спомениците кои се од интерес на проектот, преку кои што, според првичните анализи, се забележува интензивна комуникација меѓу двата региони. Комуникацијата е видлива преку протокот на материјалните добра, но и преку интензивната размена на искуства и знаења, главно преку сликарството и архитектурата, стои во соопштението од НУ Музеј Куманово.

За следниот период, планирана е посета на експерт од Музејот на византиската култура во Солун, кој ќе изврши увид во движното културно наследство од византискиот период во кумановско, и ќе даде свое согледување на трговските и културните конекции меѓу двата региона.

Leave a Reply