Во седиштето на НАТО започна церемонијата на потпишување на протоколот за пристапување на Шведска и Финска во Алијансата, со што започнува формалниот процес на ратификација.
„Ова е историски момент за Финска, Шведска и НАТО. Ќе бидеме посилни, а нашите граѓани побезбедни пред најголемата безбедносна криза во последните неколку децении“, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Пристапниот протокол мора да биде ратификуван од сите 30 земји-членки на НАТО. Секој од нив има различни законски процедури, а можно е да поминат неколку месеци до конечното пристапување на новите две членки, пренесува АП.
„Се надевам на брз процес на ратификација“, изјави финскиот министер за надворешни работи Пека Хависто, пренесува Танјуг.