Точно напладне започна предновогодишната забава на градскиот плоштад во Куманово која ќе трае до доцните вечерни часови.

Со членовите на денс студио „Мерлин“ и Дедо Мраз најмладите го започнаа дружењето во пресрет на новогодишните празници. И покрај ниските температури, поголем број дечиња уживаа во дружењето со новогодишните дедовци, а градоначалникот им посака безгрижно детство во претстојната година.
2017 –та година нека ни донесе мир, стабилност, демократија, слобода, безгрижно детство, иднина на овој град и да ни биде уште поубав и посреќен, изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово.
Дел од предновогодишниот хепенинг беа и корисниците на Дневниот центар за лица со псоебни потреби „Порака наша“, градскиот хор и уќеници од ООУ „Јероним Де Рада“ од селото Черкези, а забавата ќе продолжи вечерва во 18 часот со богата музичка програма.















