Започна погребот на Навални: Маса луѓе се движи кон црквата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Поранешниот руски опозициски лидер Алексеј Навални треба да биде погребан денеска, но членовите на неговиот тим тврдат дека сè уште се соочуваат со потешкотии во организацијата на церемонијата.

Loading...

Неговата портпаролка Кира Јармиш потврди дека не успеале да најдат погребна кола за да го однесат телото во црквата.

„Непознати лица се јавуваат во мртовечници и им се закануваат ако прифатат да го преземат телото на Алексеј“, се пожали таа.

Погребот треба да се случи во Маржино, на периферијата на Москва.

Планот е комеморацијата да започне во 14:00 часот по московско време (12:00 часот по наше време) во црквата.

Погребот треба да се изврши на блиските гробишта Борисовскоје во 16:00 часот по московско време.

Погребот ќе се пренесува во живо на Јутјуб каналот на Навални. Навални почина на 16 февруари во руски затвор во Арктичкиот круг.

Од тимот на Алексеј Навални велат дека погребната кола со телото на рускиот опозиционер се упатила кон црквата.

Loading...

Ројтерс објави дека тензијата е висока пред погребот бидејќи руските власти го забранија движењето на Навални како екстремистичко и ги прогласија неговите поддржувачи за предизвикувачи на немири поддржани од САД за да поттикнат револуција.