По две години централното градско подрачје на Куманово повторно ќе светне во новогодишно руво, откако денеска започна поставување на елката и украсите.
Годинава општината ќе украсува со сопствени новогодишни украси, кои согласно плановите ќе можат да се користат и наредните години.
За оваа цел Советот на Општина Куманово претходно изгласа измена на програмата за работа на јавното претпријатие Куманово Паркинг, каде меѓудругото беше донесена одлука за зголемување на предвидената сума за 500.000 денари.
Изминатите години се трошеле околу 2,5 милиони денари за украсување, по што фирмите ангажирани за поставување на украси потоа си ги земаа назад бидејќи се нивна соственост.
Затоа оваа година ќе се додадат уште половина милион денари и за сума од три милиони денари тие украаси сама ќе ги набави општината, а монтирањето и демонтирањето, како и трошокот за осветлување ќе одат на сметката на компанијата партнер за јавно осветлување на градот.
Никола Ивановски