По шести пат денеска во Спортската сала на кумановсото Средно училиште „Перо Наков“ се одржува традиционалниот Меморијален турнир во чест на прерано згаснатиот живот на Мартин Симоновски Матрикс.

Турнирот е во организација на Социјалдемократската младина на Македонија од Куманово, чијшто член беше и Матрикс.

Повеќе екипи ќе бидат дел од турнирот, а за најдобрите се предвиднеи пехари, медали и фудбалски топки.



