Започна манифестацијата „Денови на мед“ во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Мед, матичен млеч, прополис, мелеми и други пчелни производи се нудат на кумановци на манифестацијата „Денови на мед“, која денеска беше отворена на градскиот плоштад.

Манифестацијата, која се организира по 23-ти пат ја организира здружението „Пчела“. Оваа година има 27 пчелари излагачи.

 

 

– Оваа година имаме најголем број изложувачи, добивме поддршка од локалната власт. Наша главна цел е да го промовираме медот како храна, не да се користи само при болести, туку секојдневно. Порака до граѓаните е да си купуваат од пчеларот кој си го познаваат, во кој има доверба. Не од оние кои продаваат по сомнителни места за 300, 400 денари. Загарантирана цена е 600 денари, иако пропратната опрема е поскапена, изјави претседателот на здружението, Бобан Стошевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Една точка на дневен ред на денешната седница на Советот на Општина Куманово

„Пчела“ постојано работи во насока на промоција на пчеларството. Во моментов има 120 членови од различни генерации. Поискусните нудат и менторски услуги. Од здружението велат дека АХВ треба да преземе сериозни мерки и да ги открива нелојалните продавачи на мед.

 

 

Оваа година е релативно добра во однос на приносите, иако на почетокот имаше дожд.

– Се надеваме дека зимата ќе биде блага со снег и идната година да имаме мед, изјави Стошевски.

Долгогодишниот пчелар Горан Митевски кажа дека потрошувачите разликуваат кој е вистински мед.

– Квалитетот е поинаков, редовните потрошувачи имаат доверба во нас. Тука на саемот се сите пчелари кои произведуваат мед. Фалсификатори нема, изјави Митевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Со воздушна пушка си го ранил пријателот од Куманово

 

 

Производителите генерално се задоволни од потрошувачката и генерално од поддршката на надлежното министерство од субвенции, мерки за поддршка и модернизација на производството.

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, кој ја отвори манифестацијата, им посака успех на пчеларите и кажа дека е благодарен што се повеќе граѓани се занимаваат со пчеларство.

„Денови на мед“ ќе траат три дена.

Текст: МИА / фото: Никола Ивановски