Започна изградбата на нова фасада на училиштето „Перо Наков“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Започнаа градежните активности за поставување на нова енергетско – ефикасна фасада на Средното општинско училиште „Перо Наков“ во Куманово.

 

 

Како што информираше градоначалникот Максим Димитриевски преку социјалните мрежи, завршено е партерно уредување на дворот на училиштето, а напредува и изградбата на нова ограда околу дворот.

 

 

Нова енергетско – ефикасна фасада се поставува и на Гимназијата „Гоце Делчев“, проект кој е во последните фази од изведувањето, а целосно е завршена изградбата на фасадата на ОСТУ „Наце Буѓони“.

 

 

– Следуваат уште многу проекти за подобрување на условите во образовниот процес. Одлучно го враќаме сјајот на општинските училишта во Куманово, напиша Димитриевски на социјалните мрежи.

Никола Ивановски