Започна проширување, однсоно доизградба на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово, соопшти градоначалникот Максим Димитриевски.

Станува збор за дел од булеварот на потегот од улицата „Доне Божинов“ до улицата „Братсво Единство“.

Од крстосницата кај автобуската станица булеварот ќе продолжи покрај просториите на некогашниот Житомел.

Паралелно токму оваа крстосница ќе добие и кружен тек чијашто изградба треба да започне наскоро.


Никола Ивановски

