Започна изградба на улици во „Гладно поле“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во кумановската населба Перо Чичо започнаа градежни активности за изградба на повеќе улици во месноста „Гладно поле“, со цел подобрување на инфраструктурата и условите за живот на жителите.

 

 

Во моментов се работи на улицата „716“, проект кој се реализира со финансиска поддршка од вториот Владин повик за инфраструктурни проекти.

 

 

Според најавите, во наредниот период ќе започне изградба и на улиците „717“, „719“, „722“, „723“ и „725“, со што ќе се заокружи инфраструктурниот зафат во овој дел од градот.

 

 

Градоначалникот Максим Димитриевски истакна дека со реализацијата на овие проекти се решаваат долгогодишни проблеми со кои се соочуваат жителите од населбата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој се заканувал на својот татко

 

 

Паралелно привршува и изградбата на улицата „Благоја Думановски Пецкалија“ во истата населба.

 

Никола Ивановски