Во средните училишта од денеска до 29-ти јануари ќе се спроведе екстерно тестирање на матурантите.
Според податоците од Државниот испитен центар екстерното тестирање ќе го полагаат 19.931 матуранти. Сите пријаветни матуранти ќе полагаат тестови од два предмета, а предметите по кои ќе бидат тестирани ги дознаваат три дена пред денот на полагањето.
Прелиминарните резултати се очекуваат за 8 февруари, а незадоволните матуранти ќе имаат право да поднесат приговор до 10 февруари.
За матурантите се опфатени 1.662 предмети. ДИЦ пред Нова година во отворен базен ги објави прашањата по сите предмети (за сите насоки на гимназиско, стручно и уметничко образование). А можноста да се напише коментар, односно да се пријават грешки во прашањата траеше до 8 јануари.