Започна Државното првенство во кошарка за основни училишта (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Државно првенство во кошарка за основни училишта денеска се одржа во Спортската сала на СОУ „Перо Наков“, а на кое учество зедоа пет екипи, меѓу кои и две кумановски „Кочо Рацин“ и „Браќа Миладиновци“.

 

Loading...

 

Организатор на прнвеството е Општинскиот сојуз на училиштен спорт на град Куманово и Федерацијата на училишен спорт, а домаќин е основното училиште „Кочо Рацин“.

 

 

– Оваа година кошарката е кај нас. Покрај домаќинот „Кочо Рацин“ учесетвуваат екипите од Радовиш, Кавадарци и Скопје. Државните првенства сега се одржуваат по еден нов систем на натпревари каде доаѓаат четирите најдобри екипи со тоа што секој регион дава по една екипа и градот домаќин кој се пријавува. Оваа година екипата на „Кочо Рацин“ уште во месец октомври аплицираше да биде домаќин и со тоа ни го даде федерацијата првенството бидејќи досега сме се покажале како добри домаќини, изјави Миле Јордановски претставник на Управниот одбор на Федерацијата.

 

Loading...

 

Како што велат надлежните секоја година Куманово е домаќин на некое државно првнество и таквата пракса ќе продолжи со цел да се развие спортот.

– Вакво државно првенство во кошарка имаше пред три години така да и оваа година го одржуваме. Четири екипи учествуваат. Една екипа која е претставник од исток зона, една екипа запад зона и една екипа Скопје зона и домаќинот кој учествува на оваа државно првенство бидејќи не можеме без свој претставник на едно државно првенство, изјави Ивица Ѓорѓиевски, претседател на Општински сојуз на училишен спорт на град Куманово.

 

 

Свеченоста за отворање на турнирот со интонирање на химната на Република Македонија започна во 10:30 часот, а поздравен говор пред младите кошаркари имаше градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски и претседателот на Федерацијата на училишни спортови Александар Туфекџиоски.

– Чест и задоволство е Куманово денеска да биде домаќин на ваков настан и воедно сакам да упатам порака дека Куманово оваа година ќе аплицира следната година да биде домаќин на Мини училишните олимписки игри и посакуваме да бидат тука токму во нашиот град. Благодарам и за признанието од претседателот на Федерацијата дека Куманово е град на кошаркари, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Општина Куманово.

 

 

На натпреварот првично од кумановските основни училишта требаше да учествува само „Кочо Рацин“, но подоцна се направени напори таквата можност да ја добие и „Браќа Миладиновци“ со оглед дека се прваци на општинското и зонско натпреварување.

 

Loading...

 

 

Leave a Reply