Општина Куманово започна акција за чистење на речното корито на реката Кумановка, со цел отстранување на отпадот, дивата вегетација и подобрување на протокот на водата.

Според градоначалникот Максим Димитриевски, ваквите активности се важни за создавање почиста средина и превенција од евентуални поплави.

Работните екипи се на терен и, како што информираат од општината, посветено работат за градот да стане побезбеден и поубав.

– Апелираме до граѓаните: да ја чуваме природата, да не фрламе отпад во реките и да придонесеме кон заедничка одговорност, изјави Димитриевски.






Никола Ивановски

