Општина Куманово започна со асфалтирање на патниот правец што ги поврзува селата Вак’в и Пчиња, долгогодишно барање на локалното население.

Градоначалникот Максим Димитриевски потенцира дека ова е дел од конкретните чекори на локалната власт за развој на патната мрежа и поддршка на регионалната поврзаност во општината.

Работите ги изведува Јавното претпријатие „Македонија Пат“, а проектот се финансира преку Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).

Проектот е дел од годишната програма за изградба и рехабилитација на државни патишта и се реализира по иницијатива на Општина Куманово, со цел подобрување на инфраструктурата и обезбедување побезбедни и поудобни услови за жителите на населените места.

Претходно преку ЈПДП беше асфалтиран патниот правец од Бељаковце до Клечовце, како и улицата „Никола Тесла“, кои се во категоријата регионални патишта.


Никола Ивановски

