Започна 15. издание на детскиот ликовен камп „АСНОМ“ во Куманово

Loading...
Сподели со своите пријатели

Петнаесеттото издание на традиционалниот детски ликовен камп „АСНОМ“ денеска беше отворено во ресторанот Грација во Куманово.

 

 

Манифестацијата се реализира со поддршка на Фондацијата за култура и спорт Куманово, под покровителство на Општина Куманово.

 

 

Loading...

На тридневната ликовна колонија учествуваат околу 30 ученици од општинските основни и средни училишта, како и корисници на Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“.

 

 

Разноликоста на учесниците и нивната креативна енергија ја прават оваа манифестација посебна и значајна за културниот живот на градот.

 

 

Loading...

Младите уметници ќе творат во три различни техники: сликарство, монотипија и дизајн на утилитарен предмет. Творечкиот процес се одвива под стручно менторство на ликовните педагози Симона Јакимовска и Елена Спасовска Радошевиќ, ангажирани од Фондацијата за култура и спорт Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од полноќ ново поскапување на горивата

 

 

Крајот на кампот ќе биде одбележан со изложба на изработените дела, која ќе се одржи на 25 јуни (среда) во ресторанот „Грација“.

Изложбата ќе биде воедно и затворање на овогодинешната уметничка манифестација, која со секое ново издание ја потврдува важноста на негувањето на младинскиот креативен израз.

Никола Ивановски