Запленето оружје од нацистичка Германија

Сподели со своите пријатели

Германската полиција запленила околу 100 пушки, повеќе од десетина гранати и друг тип на муниција од нацистичкиот период, од Германец кој е осомничен за крчење на законот за оружје затоа што планирал оружјето да го исчисти и да го продаде.

Полицијата соопштила дека осомничениот е маж, чие име не е наведено, а кој е по потекло од источниот германски град Шкопау, најверојатно пронашол оружје користејќи детектор за метал, пренсува Ројтерс.

Полицијата стопирала маж, кој возел мал камион во близина ан градот Бојн.

Loading...

Со пребарување на возилото и на домот на возачот биле пронајдени голем број парчиња оружје кои датираат од Втората светска војна, како и пуиштол за кој не е потребна дозвола.

Осомничениот е пуштен на слобода во консултација со локалните обвинители, но се соочува со потенцијални обвиненија за кршење на строгите германски закони за поседување оружје.

Властите засега не коментираат каде и дали ќе биде обвинет. Полицијата вели дека станува збор за германскиот државјанин, но не изнел повеќе детали во врска со овој случај.

Leave a Reply