Две интервенции вчера бележат припадниците на Територијалната противпожарна единица Куманово и тоа на запалена сува трева, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Во 11:35 часот на автопатот кај Шумското стопанство се запалила сува трева, по што на терен веднаш излегле тројца пожарникари со едно противпожарно возило и пожарот го ликвидирале до 12:05 часот.
Запалена сува трева и дрва во период од 12:40 до 13:30 часот четворица пожарникари гаснеле и на шумскиот пат.

