Западна Австралија затворена, на ситокот најмногу починати

Сподели со своите пријатели

Најголемата австралиска држава, Западна Австралија, ги одложува плановите за отворање на внатрешната граница поради зголемениот број на заразени со омикрон сојот во источните држави, додека најнаселениот Нов Јужен Велс забележа најголем број смртни случаи од пандемијата.

Loading...

Во Нов Јужен Велс во последните 24 часа починале 49 лица, меѓу кои и едно дете, додека во Викторија 20 пациенти починале како последица на Ковид.

Сепак, падот на бројот на хоспитализирани во двете земји дава надеж дека Австралија ќе го достигне врвот на овој бран на коронавирус.

Сите држави и територии, освен Западна Австралија, повторно ги отворија своите внатрешни граници во согласност со политиката на живеење со Ковид, и покрај зголемениот број на заразени лица.