Западен Брег: Израелските сили убија двајца Палестинци

Сподели со своите пријатели

Израелските сили денеска убија двајца палестински екстремисти за време на рација на окупираниот Западен Брег, објавија израелската армија и милитантната група Исламски џихад.

Loading...

Палестинското Министерство за здравство ги идентификуваше убиените Палестинци како Наем Џамал ​​Зубаиди (27) и Мохамад Ајман Сади (26) и рече дека тие биле убиени во бегалски камп во Џенин.

Израелската војска соопшти дека Сади бил истакнат член на групата Исламски џихад, додека Зубаиди учествувал во нападите врз израелските војници.

Исламски џихад потврди дека двајцата убиени Палестинци се негови членови, пренесе АП.

Армијата соопшти дека војниците извршиле рација за апсење и дека Палестинците отвориле оган врз израелските војници, кои возвратиле и ги убиле напаѓачите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американската централна банка ја намали каматната стапка за прв пат по четири години

Во меѓувреме, Обединетите нации во Газа соопштија дека откриле тунел под едно од училиштата, очигледно мислејќи на подземните тунели што ги користат милитантите, вклучително и исламската милитантна група Хамас која владее со територијата.

Софистицираниот тунелен систем на Хамас му помогнал да води војни против Израел, потсетува американската агенција.

Над 130 Палестинци се убиени оваа година на Западниот Брег и Источен Ерусалим.

Loading...