Заострување на мерките за заштита од коронавирусот, најави Филипче

Сподели со своите пријатели

Мерките за заштита од утре ќе бидат заострени, а ова ќе го препорача денеска на владина седница лично министерот за здравство Венко Филипче.

Loading...

Како што вели, има податоци дека мерките не се почитуваат, па истите ќе бидат заострени.

– Мерките што ги носиме се согласно препораките и степенот не ширење на вирусот. Со оглед дека имаме податоци дека мерките не се почитуваат во текот на денешната седница на владата, ќе предложам заострување на одредени мерки, посебно во делови на државата каде има непочитување, а за типот на мерките по дискусијата на владата, рече Филипче.

Инаку според податоците на Светската здравствена организација, бројката на заболени во измиантите 12 дена е зголемена за 100.000 и сега вкупниот број на заболени од Ковид-19 (коронавирус) изнесува над 250.000, појасни министерот за здравство.

Според анализите, биле потребни три месеци за првите 100.000 заболени, но само 12 дена за следните 100.000.

Во изминатите 24 часа бројот на заразени е поголем за 16.566, а смртни случаи 828.

Никола Ивановски

Leave a Reply