Мароканецот Лехасан ес Шакири (70) одлучил да се врати во училишните клупи и да заврши средно училиште. Лошата материјална ситуација го натерала да го прекине образованието и да почне да работи. Сепак, љубовта кон училиштето била поголема, па на наставата решил да и се врати по заминувањето во пензија.
Приемниот испит за средно го полагал во Тингир, а сега чека резултати, кои ќе бидат објавени на 19 јули, и можност за продолжување на образованието.
Се надева дека еден ден ќе има можност да запише факултет и да студира социологија.
Шакири воедно е најстар кандидат кој полагал приемен испит. Додал дека во 2014. година добил диплома за завршено основно училиште, а во изминатите четири години учел од училишни учебници.
Шакири згорува и за бројни животни маки кои му се случиле и како во текот на животот објавил различни работи.