Заменик на претседателот на Владата Фетаи го посети Затворот во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Заменик на претседателот на Владата задолжен за политики добро владеење, г. Арбен Фетаи, денес го посети Затворот во Куманово, каде што беше пречекан од директорот на Управата за извршување на санкции, г. Александар Пандов со неговиот кабинет, како и директорот на Затворот во Куманово, г. Оливер Цветковски и заменик-директорот г. Илбер Лимани.

Loading...

 

 

Тој го оцени Затворот во Куманово како пример за добро менаџирање под новото раководство.

 

 

Loading...

Вицепремиерот Фетаи ги сослуша предизвиците со кои се соочува оваа институција, која подолг период се справува со недостаток на вода за пиење – проблем за кој тој ќе се обиде да најде решение што е можно побрзо.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Нема да дозволиме ова што го имаме како држава да го изгубиме

 

 

Се разговараше и за можноста за зајакнување на здравствената поддршка за осудените лица, особено во делот на менталното здравје, во соработка со Министерството за здравство.

 

 

Loading...

Пенитенцијарниот систем е една од клучните столбови на правната држава и ние сме посветени на негово подобрување и развој согласно европските стандарди.

Интегрално соопштение