Замена на азбестни цевки на три улици кај поранешен Монопол

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово одвои околу 20 милиони денари за замена на посточеките азбестни цевки од водоводната мрежа со нови, поставување на асфалт и изградба на тротоари за улиците „4 јули“, „Србо Томовиќ“ и „Страшко Арсов“ во близина на поранешниот Тутунски комбинат. Во овој дел од градот изградена е нова атмосферска канализација и реконструирана е и постоечката фекална канализација, информираше градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.

„На терен веќе се заменуваат постоечките азбестни цевки со нови современи цевки, по што ќе следи асфалтирање и реконструкција на тротоарите“ – изјави Димитриевски.

Тој најави дека ќе продолжат со трендот на замена на азбестните цевки, согласно планот кој што го утврдува ЈП „Водовод“ и  финансиските можности на општината. Во општина Куманово има застарена водоводна инфраструктура исто како и во останатите градови од Македонија, рече Димитриевски и потсети дека во средината на деведесетите била отпочната замена на азбестните цевки преку МЕАП проектот, а продолжила во изминативе години, со сопствени средства на општината и средства на надлежното претпријатие, но нагласи дека останува значителен процент на незаменети водоводни цевки во Куманово.

Leave a Reply